Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше затворена, а гласот на народот пригушен, пишува премиерот Христијан Мицкоски кој сподели видео со порака дека доаѓа времето на Македонија.
„И не оставија со единствен избор: или да се откажеме, или да почнеме одново.
Не почнавме од нула. Почнавме од минус.
Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав.
И пак, решивме: ќе почнеме.
Ќе градиме. Ќе веруваме. Ќе се исправиме.
Ги поставивме темелите.
Темелите на една поинаква Македонија.
Не Македонија од памфлети, туку Македонија на срце.
Година на враќање – на достоинството, на правдата, на грижата.
Година што ќе ја паметиме – како првата, кога почна новото време.
Македонија не е мит.
Македонија не е ветување.
Македонија е реалност што ја градиме.
Сега. Со тебе. Со нас. За сите.
Доаѓа Времето на Македонија.
Ги градиме темелите на промените“ – пишува во описот на видеото кое го објави премиерот.
Извор: Курир