Кога сме кај вистината господине Апасиев и кога љубите да покажувате на говорница, би сакал да ја задржам и таа традиција, за да има континуитет оваа наша полу-дебата.
Документи коишто ги доставија свиркачи до нас од кај вас.
За да знае македонската јавност за што станува збор.
-6-ти октомври 2024-та година одлука за подигање на кредит и купување на недвижен имот од УниБанка.
-список на трансакции, од Левица на сметка на Апасиев и Амар Мециновиќ
Ова е само почеток, веќе кога се обидувате да шпекулирате и да лажете, на јавноста требате да и дадете одговор!