Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на Минхенската безбедносна конференција, истакна дека промената на името не бил единствениот пример за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку и промената на знамето.

“Нашата држава има целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и се наоѓа меѓу петте најголеми донатори на Украина по глава на жител,” нагласи Мицкоски за време на панел-дискусијата.

Тој повтори дека кога станува збор за членството во ЕУ, земјите кандидати се соочуваат со двојни аршини, што создава нееднаква стартна позиција и неправеден однос во процесот на проширување.