Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 ја истакна потребата од регионална иницијатива за енергетски инвестиции.

-Во следниот период потребата од енергија во светот ќе се зголемува, а потребата од електрична енергија два и пол пати повеќе.

Развојот на човештвото оди во насока на вештачката интелигенција.

Планирам регионална иницијатива за енергетски инвестиции, тоа е иднината, така и ќе ја брендираме како „Скопје – регионална иницијатива за поврзување“. А за сето ова да функционира ни требаат гасни интерконектори, ни требаат далеководи.

Ова ќе се случи. Дали ние ќе го препознаеме како регион, зависи од нас. Но, ова ќе се случи бидејќи човештвото се движи во таа насока, истакна Мицкоски.