Во завршна фаза е санацијата и рехабилитацијата на јавната пешачка површина – скверот позади ТЦ Капитол во срцето на Општина Аеродром.

Со овој проект, досега запуштениот простор доби комплетно нов, современ и функционален изглед кој одговара на урбаниот карактер на општината и потребите на жителите.

Инвестицијата во износ од 45.987.100 денари, финансирана од Буџетот на Владата преку Министерството за транспорт, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.