Работна средба меѓу тимовите
Министерот Муцунски потенцираше дека оваа средба е специфична од работен вид. Тој нагласува дека и покрај се седнаа тимови од кај претседателката Силјановска Давкова и претседателот Радев. Во таа комуникација била вклучена и македонската амбасада во Софија.
Планот беше да има тет а тет средба кај претседателот Радев, а отпосле да има ручек каде ги има знамињата на двете држави кој е без фотографирање. Додека Радев и Силјановска биле во неговиот кабинет таму се сликнале каде немало македонско знаме, објаснува Муцунски.
Во меѓувреме, осуда стигна и од премиерот Мицкоски којшто е на иста релација како министерот Муцунски.
Дискрепанца меѓу договорениот протокол и праксата
Отидовме во Софија во спечифичен момент. Јас со делегацијата бев во сосема друга просторија. Патем, целата посета се случи во малку специфичен момент, неколку часа пред да влеземе во претседателката палата имаше трагичен настан каде загинаа двајца пилоти на бугарското воздухопловство.
Постоеше дискрепанца меѓу договорениот протокол и тоа што се случи во пракса. Реагиравме на начинот на којшто направивме. Усна реакција на лице место не е формална реакција. Дипломатскиот протокол строго ги регулира овие прашања. Факт е дека го увидовме она што се случи, веднаш го канализиравме тоа за институционално на првиот работен ден по настанот да реагираме како МНР, потенцира тој.
Муцунски очекува извинувања од Софија
Работниот ручек на којшто јас присуствував беше во позитивна атмосфера каде се разговараше за дијалог, меѓусебно разбирање, конкретни иницијативи: Коридорот 8, отворање на граничниот премин Клепало. Кога и другата страна настапува во „бона фида“ би било добро и другата страна стапува во овие релации со „бона фида“.
Силјановска Давкова вели дека разговорот со Радев бил пријателски
Вчеравечер за инцидентот се огласи и претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа разговорот со бугарскиот претседател го опиша како пријателски.
Ниту за еден миг не ги заборавив македонските национални интереси. Мислам дека успеав на пристоен, културен, претседателски и државнички начин да му кажам што е нашата позиција и што очекувам, вели таа.