Муцунски во Брисел на министерски состанок на НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел. Настанот претставува уште една можност за размена на ставови околу одлуките усвоени на Самитот на Алијансата во Хаг и нивното значење за идниот развој на НАТО.

Мир во Украина во центарот на разговорите

Во рамки на состанокот се дискутира за напредокот во јакнењето на индивидуалните способности и колективните капацитети на земјите членки, со цел обезбедување ефективна одбрана и безбедност. Особено внимание се очекува да биде посветено на продолжувањето на координираната поддршка за Украина, како и на одговорите на актуелните безбедносни предизвици и закани, меѓу кои и дестабилизирачките активности на малигни актери и стратешки конкуренти. Муцунски упати пофални зборови до администрацијата на Трамп која активно работи за мир во Украина.

Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение:

Планирани билатерални средби на Муцунски

Покрај главните дискусии, министерот Муцунски во Брисел ќе реализира и повеќе билатерални средби на маргините на состанокот, меѓу кои и со шефот на американската делегација, заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Тој ќе учествува и на тематски состанок посветен на Коридорот 8.