Денеска, на овој историски ден кој е од големо значење на секој Македонец, Николоски упати порака за заедништво и обединување. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на историскиот аспект на овој ден, а неговата партија ја нарече „партија на народот“.
– ВMРО-ДПМНЕ како партија на народот која ги темели своите вредности и принципи на идеите на македонската револуционерна организација вдахновени во модерните идеи за Македонија како место на заеднички живот, просперитет и напредок преку почитување на принципите на солидарност, слобода и напредок, започна Николоски.
Повикуваме на заедништво и обединување.
На овој историски ден од огромно значење и важност за нашата историја, за македонскиот народ и македонската држава, ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе проглас:
ВMРО-ДПМНЕ како партија на народот која ги темели своите вредности и принципи на идеите на македонската револуционерна организација вдахновени во модерните идеи за Македонија како место на заеднички живот, просперитет и напредок преку почитување на принципите на солидарност, слобода и напредок.
Свесна за предизвиците со кои се соочува државата и потребата од мобилизирање на сите расположливи капацитети во функција на напредокот и новата иднина на државата, кога таа се наоѓа во еден безизлез раководена од корумпирана власт која е безидејна, и создава хаос, безредие, демонстрира неспособност.
Свесни дека секој слободен граѓанин на оваа земја е силата на промените кои се неопходни за да има подобра иднина.
И свесни дека секој може сам за себе да одлучува.
Повикуваме на заедништво, слога и обединување кон заедничката цел на сите без разлика на политичка, етничка, верска или друга припадност.
Препорачуваме дека е време за обединување на сите сили кои се против политиките на власта. Силите кои сакаат добро, напредок, сакаат нова подобра иднина и промени, проекти и победи.
Повикуваме на обединување на сите прогресивни сили против власта која носи порази, омаловажувања, неуспеси, го одзема достоинството.
Таквото обединување значи масовна мобилизација на граѓаните кои бараат подобра иднина, успеси и работа. Секоја наша разлика е помала од заедничката цел – Македонија да ја развиваме, економски да зајакнува, политички да се интегрира. Мора да ги срушиме ѕидовите на поделби и омраза наметнувани од власта. Затоа е потребно мобилизација, излезност и народно обединување на граѓаните
Posted by Aleksandar Nikoloski on Saturday, 23 October 2021
Тој се осврна на моменталната власт во Македонија која ја нарече корупирана и безидејна, а според него оваа власт само создава хаос. Токму затоа, тој упати порака до сите граѓани на нашата држава:
– Повикуваме на заедништво, слога и обединување кон заедничката цел на сите без разлика на политичка, етничка, верска или друга припадност. Препорачуваме дека е време за обединување на сите сили кои се против политиките на власта. Силите кои сакаат добро, напредок, сакаат нова подобра иднина и промени, проекти и победи. Повикуваме на обединување на сите прогресивни сили против власта која носи порази, омаловажувања, неуспеси, го одзема достоинството, вели Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е потребна масовна мобилизација на сите граѓани кои бараат подобра иднина. Тој заклучи дека токму затоа потребна е мобилизација, излезност и народно обединување на граѓаните.
– Таквото обединување значи масовна мобилизација на граѓаните кои бараат подобра иднина, успеси и работа. Секоја наша разлика е помала од заедничката цел – Македонија да ја развиваме, економски да зајакнува, политички да се интегрира. Мора да ги срушиме ѕидовите на поделби и омраза наметнувани од власта. Затоа е потребно мобилизација, излезност и народно обединување на граѓаните, заврши Николоски.