Пожарот во сиромашен кварт во северниот чилеански град Икике уништи најмалку 100 куќи, а околу 400 луѓе остави без покрив над главата.
Пожарникарите имале големи проблеми со снабдувањето со вода на своите камиони при гаснењето на пожарот, пишува The Telegraph.
Пожарот е изгаснат вчер вечер по локално време.
Националното биро за вонредни состојби соопшти дека пожарникарите првично имале проблеми бидејќи водоснабдувањето во областа било прекинато. Подоцна се поврзале со камиони кои носеле вода.
Пожарникарите имале потешкотии и поради тесните улички, поради што со противпожарните возила не можеле да стигнат на многу места, туку пеш тргнале да го гаснат пожарот.
Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Властите соопштија дека нема извештаи за повредени.