Најмлаку 40 лица се убиени, вклучително и деца во експлозија на бомба во близина на училиште во Кабул, Авганистан.

Итната помош брзала да ги евакуира ранетите од местото на експлозијата во близина на училштето Ал-Шахда, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Тарик Аријан.

Разлутената толпа ја нападнала итната помош, дури и тепале дел од здравствените работници, изјави портпаролот на Министерството за здравје, Гулам Дастигар Назари. Ниту една група се уште не ја презела одговорноста за нападот, иако областа во последните години беше мета на милитантите на Исламска држава.

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид негира вмешаност на бунтовничките групи и го осуди инцидентот. Училиштето е заедничко и за девојчиња и за момчиња кои учат во три смени, од кој втората смена е за ученички, изјавила Наџиба Аријан, портпаролката на Министерството за образование, за Ројтерс.