Една од ракетите погодила трговски центар, друга паднала на стадионот на едно од училиштата. Отпадоци се насекаде низ градот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 14 проектили истрелани од украинскиот систем Вампир. Вооружените сили на Украина не го коментираа нападот.

Претходниот силен напад на Белгород беше на 30 декември, кога загинаа 25 лица, а над 100 беа повредени.

На денешниот напад му претходеше масовен ракетен напад врз неколку украински региони – Киев, Запорожје, Дњепропетровск, Полтава и Лавов. Три лица се повредени во Лавов. Воздухопловните сили соопштија дека собориле 13 од вкупно 26 руски ракети од различен тип.