Во видеото што го објавува турскиот новинар и публицист Абдула Бозкурт се гледа признание на турскиот мафијаш Седат Пекер дека во текот на војната во Сирија преку хуманитарни конвои тој испраќал камиони во Сирија кои биле наменети за исламските борци од Ал Нусра.

Тој тврди дека Турција испратила оружје до џихадистите на Ал-Нусра во Сирија преку паравоена група и таканаречена „паралелна армија“, по име САДАТ, формирана од советникот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Пекер, кој во минатото уживаше блиски врски со турските владетели, исто така, детално ја опиша и наводната соработка меѓу турските власти и Ал-Нусра. Тој тврди дека камионите испратени до џихадистите биле организирани од група во рамките на САДАТ.

Шефот на мафијата во бегство, наводно, решил да им испрати воена опрема на сириските Туркмени и го споделил планот со заменик од владејачката влада, со цел да добие дозвола за испраќање на камионите во 2015 година.

Фронтот Ал-Нусра или Џабат ал-Нусра, познат како Џабат Фатах ал-Шам по јули 2016 година, исто така опишан и како ал-Каеда во Сирија или ал-Каеда во Левант, е салафистичка џихадистичка организација која се бореше против сириските владини сили во Сириска граѓанска војна.

Целта на оваа, за западните сојузници на Македонија во ЕУ и НАТО терористичка организација, беше да се воспостави исламска држава во Сирија.

Според тоа што го открива Пекер во видеото во Сирија на борците за Исламска држава на Левантот биле испраќани различни видови материјали меѓу кои и оружје.

Седат Пекер во Македонија во јануари годинава добил пасош со лажен идентитет на лицето Џадин Амедовски иако предходно бил протеран во Косово, а Турција го бара за криминални активности.