Екипите на РК Охрид и ЕК Еурофарм Пелистер повторно одиграа полуфинален натпревар за паметење. Салата „Билјанини Извори“ во Охрид се покажа како одличен домаќин на едни од нашите најквалитетни ракометни колективи, кои водеа битка за пласман во финалето на Суперкупот.

Покрај големата битка и тензична атмосфера на теренот, ова дерби беше зачинето со нивните навивачки групи „Чкембари“ и „Рибари“ на трибините. Она што вреди да се пофали е пеењето на химната која ечеше во еден глас.

Погледнете го видеото.

@24chasa.mk

Химната на Македонија испеана од две навивачки групи во салата ,,Билјанини Извори” во Охрид! Секоја чест за „Рибари“ и „Чкембари“. Пелистер забележа победа, вечерва следува дербито со скопски Вардар! 👏 🇲🇰 #Makedonija #Macedonia #Mkd #Ohrid #bitola #ckembari #ribari #чкембари #rakomet #fyp #viral #goviral #viralno

♬ original sound – 24chasa.mk

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе играат денеска во финалето на Купот на Македонија во салата „Билјанини извори“. Натпреварот почнува од 17:30 часот.

Да се потсетиме како беше тој натпревар пред неколку години.

(ВИДЕО) Сепак некои кодекси се почитуваат: Уапсените Чкембари добија храна и превоз до Битола – од Комити!

Во вчерашните полуфинални дуели, „црвено-црните“ го совладаа минатогодишниот освојувач на Купот – Алкалоид, откако беа подобри по пенали, додека Битолчани запишаа тешка победа над домаќинот Охрид. Вчерашната атмосфера со „Чкембари“ и „Рибари“ беше одлична, но вистинска драма се очекува да биде вечерва со популарните „Комити“.

За скопскиот тим ова ќе биде 22 финале, додека за петкратните освојувачи на Купот од Битола, ова ќе биде финале бр.17.

Извор: РФМ