Таткото на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги, повторно реагираше на социјалните мрежи, тврдејќи дека од гробот на неговиот син и натаму се крадат предмети.
Објавено видео од гробното место
Драги Ѓоргиев на Фејсбук сподели видео објава на која, според него, може да се забележи како повозрасна жена од пред гробот зема саксии со цвеќе. Во својата објава тој наведе дека ова е 14-ти пат гробот на Ѓорѓи да биде ограбен, изразувајќи болка и разочараност од, како што тврди, повторените кражби.
Емотивна порака од таткото
„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев.
