Еврообврзницата пропадна, а допрва ќе ги осетиме последиците. На оваа тема разговаравме и со потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска која објасни дека неодговорноста на Владата со пропадната еврообврзница нѐ чини повеќе од 18 милиони евра.

Димитриеска Кочоска вели дека власта манипулира со бројките кои ги кажува како последица и таа додаде дека последиците се многу посериозни од тоа што изгледаат.

Повеќе на оваа тема може да погледнете од исечокот од нејзиното гостување кој го имаме во продолжение.

Претходно, како што дозна Радио Лидер, пропадна еврообврзницата од 600 милиони евра, која сакаше да ја издаде владата. Според нашите информации, причината за пропаѓањето е тоа што министерот за правда во заминување Никола Тупанчевски одбил да ја потпише. Според правилата, за да се издаде еврообврзница покрај од другите, треба да има потпис и од министерот за правда.

Освен оваа тема, со неа дискутиравме и за останати актуелни економски теми, а особено се осврнавме на темата за покачувањето на цената на лебот. Повеќе околу проблемот со замрзнување на цената на лебот може да прочитате ТУКА.