Додека пратеникот на СДСМ Миле Талески на прес конфемрција ја напаѓаше Сиљановска таа со виски офицери на АРМ беше во зоната на пожари во Неготинско.
Претходно вчера во зоната на пожарите беа и министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Мисајловски и Панче Тошковски.
,,Во целата ситуација Претседателката Сиљановска исчезна и се занимава со протоколарни средби. Се што дознавме е дека Сиљановска не можеле да ја најдат два дена да ги потпише одлуките за прогласување на кризна состојба. Лежерноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ е реална опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните“, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески откако Силјановска на воениот полигон Пепелиште разговараше со генералите на АРМ а потоа отишла и на терен каде што војниците на АРМ ги гаснат пожарите.
Талески ја обвини и владата дека не прави ништо за пожарите иако за два дена повеќе држави испратија помош а ангажирани се сите ресурси на институциите за гаснење на огновите.
Линк од прес конференцијата на СДСМ