Во Ѓуешево беше потпишан Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. Николоски истакна дека проектот вреден 810 милиони евра е од стратешко, економско и безбедносно значење за Македонија и регионот.
Но, наместо да се осврнат на стратешки значајниот проект којшто ја менува инфраструктурата на целиот регион, бугарските новинари се обидоа да упатат провокација кон министерот Александар Николоски којшто категорично им одговори. Тој буквално „избриша патос“ со бугарскиот новинар којшто се обиде да испровоцира.
„Во однос на она што ме прашавте. И минатата година и оваа година зборуваме за инженерски проблеми на проектот, а не за политички проблеми на проектот. Тоа што вие и ваши колеги сакате да направите политички проблем – не успеавте. Затоа денес сме тука. Мислам дека доволно одговорив“, рече Николоски.
Погледнете го видеото:
Инаку, средствата за источниот дел од Коридорот 8 се целосно обезбедени. Првата фаза е завршена, втората – од Бељаковце до Крива Паланка – е во тек и треба да биде завршена до октомври 2026 година. Вкупната инвестиција изнесува околу 810 милиони евра, од кои 200 милиони се грант од Европската унија. Николоски најави дека во декември ќе биде распишана претквалификација за избор на изведувач за третата фаза – делницата од Крива Паланка до границата со Бугарија.
