Оваа прес конфренција ја посветуваме на новиот предлог за Влада на Република Македонија. Би сакал да истакнам три основни карактеристики коишто можеме да ги видиме. Првото е дека се работи за влада на поразени политичари коишто економски и криминално ќе ја доуништат Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Второ, се работи за влада на континуитет, а никаква нова влада. И трето, влада во којашто доминаат Зоран Заев , Оливер Спасовски и политичката партија ДУИ. Од она што можеше да се чуе како предлог на влада цврстиот впечаток е дека оваа е влада на исти луѓе, со исти вредности кои донесоа порази на државата, ја направија најкорумпирана во Европа, со огромна сиромаштија, ниски плати, со високи цени на производи, и со веќе многу извесна енергетска и економска криза. Ова е предлог на влада која Ковачевски ја поднесува, а Зоран Заев ја потпишува. Во самиот состав може да се забележи и конфликтот меѓу различните групации коишто постојат во СДСМ, така што се сведува на расчистување на клановски битки од една страна, од друга страна еден целосен контитуитет на кадрите на ДУИ, коишто домираат и во оваа влада и насадената Алтернатива и неизбежниот „плата ол пломо“ Кастриот Реџепи. Составот на оваа влада, кој освен Заев којшто го аминувал , јасно е дека е по силна доминација на Оливер Спасовски којшто има свои кадри во истата, вели Николоски.

Тој додава дека она што е јавна тајна е дека најмалку десетина видни луѓе, професори, истакнати политичари, јавни личности итн. одбиле да се дел да се од оваа влада и го одбиле и Ковачевски и Заев да станат дел од истата, затоа што не се согласуваат со политиките на континуитет на економското и криминално доуништување на Македонија.

Затоа денес имаме состав на влада којшто ќе го продолжи Заевизмот и којшто нема енергија и кој нема енергија за реформи, нема план за евровските интеграциите, и нема предлози за подобар живот. Тие ги имаат дури реченици, исти флоскули, исти фрази можат да се забележат, и кај едниот и кај другиот што само говори дека истите ликови им ги пишуваат веројатно и говорите. Таканаречените нови ликови во Владата не се нови, туку стари функционери на СДСМ, коишто се на функции се со години. Оливер Спасовски веројатно ќе стане најдолговечниот министер за внатрешни работи до сега веќе 7 години, тој нема ниту една поголема акција за сузбивање на криминал и корупција, дрогата царува по улиците на македонските градови како никогаш порано. Кокаинот е достапен на македонските деца како никогаш порано, а на Спасовски му се случија Рекет 1 и 2, 215 издадени пасоши на нарко босови и останати криминалци. Во негов мандат криминалците слободно шетаат на улица, прават криминал, а за тоа не одговараат. Заради неговата неспособност Македонија е на врвот на листите по корупција, на Транспаренси и на другите меѓународни организации. Ништо ново не е ниту неговата довчерашна заменичка Славјанка Петровска, којашто очигледно ја носи како своја испостава во министерството за одбрана. Таа има исто така целосна одговорност за случувањата во министерството за внатрешни работи, вели Николоски.

Тој додава дека оваа влада има за цел заштита на Заевизмот покажува и останувањето на Љупчо Николовски најблискиот соработник на Зоран Заев , којшто неуспешно се бореше со криминалот и корупцијата, претходно беше исто така неуспешен министер за земјоделие. Човек којшто дозволи тутунарите во Македонија да страдаат, за негови лични интереси да се увезува тутун во Република Македонија, и да нема гарантиран откуп на домашниот тутун, јаболката во Ресен се фрлаат или во езерото, а се продаваат за два денари, орузот да нема извоз, виното, односно грозјето да има најниска цена во историјата на државата итн.

Човек кој единствено остана познат по тоа што во неговиот мандат Македонија стана 111-та по перцепција за корупција на скалата на Транспаренси, а исто така земјата е опишана како хибриден режим во релевантните извештаи. Државата веќе години е во силна економска криза, дополнително на тоа кризата се зголемува и со енергетската криза, а еден од основните виновници е Фатмир Битиќи, кој што останува вицепремиер за економски прашања. Следен од тимот на неуспешни министри како што е останување на министерот за финансии Бесими, понатаму Крешник Бектеши во економија, а всушност и заменикот за финансии оди за премиер. Луѓето кои што не успеат да обезбедат да работат македонските енергетски капацитети со цел Македонија да не се соочува со енергетски шокови, со цел граѓаните да не плаќаат повисока енергија, но исто така и компаниите кои што плаќаат четири до пет пати повисока цена на електричната енергија, и кои што се пред колапс и затворање, луѓето кои што не успеа навреме да обезбедат поволни цени за количини на гас кои поради кои што половина Скопје сега смрзнува, сега се повторно предложени да го водат економскиот тим во владата. Луѓето кои што направија секојдневно иселување и очај во Македонија, повторно се во економскиот тим во владата. Поразените политичари продолжуваат економски да ја уништуваат Македонија. Тука секако е и Благој Бочварски, човекот кој по ништо не можеме да го запаметиме како министер за транспорт и врски, човекот кој што еден автопат од Охрид до Кичево не знае да го заврши, човек кој што камен не стави во Македонија. Министерството кое што треба да е најактивно во највидливите проекти, пред се во инфраструктурата, скоро и да го нема, отсечени се цели краеви во државата и инфраструктурата не функционира, а да не зборуваме за железнички или некој друг вид на инфраструктура, истакнува Николоски.

Тој додава дека тој продолжува затоа што е пријател на Љупчо Николовски и Зоран Заев.

Бојан Маричиќ како министер за правда имаше тешки криминалци на слобода, а сега треба да го води ресорот евроинтеграции, веројатно како начин на расчистување на одредени сметки внатре во СДСМ и начин да се расчистат одредени кадровски решенија, пред се тука мислам на Никола Димитров. Владата на Ковачевски има место за луѓе кои што да беа на натпревар за најбанален чин за да му се допаднат на лидерот нема да успеат. Таква е Бисера Стојчевска, која што се сеќавате дека единствено што направи е што се појави во скафандер во Собрание, а за петтата изборна единица од која што доаѓа не направи ништо. Тука е и Славица Грковска која што е поранешен пратеник на СДСМ во неколку мандати, а се обидуваат да ја претстават како нов лик, и Јована Тренчовска досегашен висок функционер и пријател на семејството Заеви, која што исто така не е нов лик. Сите луѓе на Ковачевски се всушност луѓе на Заев, луѓе на Оливер Спасовски, и секако вечните кадри на ДУИ кои што не се менуваат насадени со по некои од Алтернатива. Ова е влада која ќе продолжи без решенија во клучните ресори, влада која што нема решенија за економијата, за европските интеграции, влада која што нема да испорача поевтина електрична енергија, која што нема да помогне на стопанството, која што нема да ги затопли македонските домови. И затоа ова е влада која што ќе продолжи со криминалот, а која што го помагаат приврзоците на криминалот од типот на ДОМ, Демократскиот сојуз, ЛДП и останатите помали партнери кои што за ситни интереси продолжуваат да ја подржуваат оваа влада кои што ги лажеа граѓаните на избори, со цел да продолжат да ја подржуваат оваа влада која што беше поразена и тоа декласирана на последните избори. Затоа предвремените парламентарни избори се единственото решение затоа што е јасно дека оваа влада нема легитимитет и само дополнително економски ќе ја опустоши Македонија, а криминалот ќе продолжи да царува, рече Николоски.