Денешен гостин во емисијата ,,Утро со Златев” е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој предупреди на лошото сценарио со власта на СДСМ која според Николоски не инвестира воопшто во инфраструктурата.

– Македонија ита кон црна дупка на Балканот. Веќе не се мериме во европски рамки, туку итаме да сме последни на Балконот по низа фактори вклучувајќи го инфраструктурниот фактор, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски: Македонија ита кон црна дупка на Балканот

Денешен гостин во емисијата ,,Утро со Златев” е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Posted by Радио Лидер on Tuesday, April 27, 2021

Тој вели дека сме последни на Балканот по многу аспекти почнувајќи од инфраструктурата. Тој напомена дека тука се вкрстуваат коридорите 10 и 8 и напомена дека тука мора да се инвестира во инфраструктурата.

– Доколку не се инвестира во инфраструктурата едноставно ќе ве прескокнат. Ќе одат или преку Албанија или преку Бугарија, тоа ќе е подолго и ќе чини повеќе, но ќе е попријатно за комуикација отколку ова што сега го имаме во Македонија. Останувањето на Македонија како црна друпка на Балканот ќе значи дефинитивно економско опостушување и дека уште повеќе луѓе ќе ја напуштат државата, додава Николоски.

Тој предупреди дека ако банкротира Македонија времењето на опоравување ќе биде многу долго и како пример ја посочи Бугарија колку долго се опоравува од нивниот банкрот. Тој исто така предупреди дека со ваквото работење на СДСМ, Македонија би можела да доживее банкрот за неколку години.

Тој ја спореди Македонија со Црна Гора и вели дека нивната партија се бори за поголема излезност на следните избори. Доколку излезноста од Црна Гора која беше над 70% се случуи и во Македонија, тогаш секој процеднт повеќе од сегашната излезност значи пратеник повеќе за ВМРО-ДПМНЕ.