Мислам дека го имаме најдоброто решение за Кисела Вода, Орце е чесен и посветен човек, кој ја сака општината, пораснат е тука, ги знае луѓето, ги знае нивните проблеми и знае што треба да се направи да се решат тие проблеми. Орце е човек кој е работлив, не е мрзелив и затоа мислам дека го имаме вистинското решение, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За жал 4 години Кисела Вода назадува во една комбинација на досегашниот градоначалник од СДСМ и досегашниот градоначалник на Град Скопје исто така од СДСМ, кои што или не работат, а кога малце ќе поработат прават криминал. Најчесто не работат и затоа се стагнира почнувајќи од фонтаната позади мене којашто е во склоп на Споменикот на бранителите, а не работи и е полна со ѓубре, продолжувајќи преку булеварот Првомајска кој го проби ВМРО-ДПМНЕ и кој за жал не се гради откако Петре Шилегов и Филип Темелковски се градоначалници, одејќи кон криминалните намери за изградба на преку 100 згради тука во Општина Кисела Вода. И веројатно завршувајќи со она што е мака не само на Кисела Вода туку и на цело Скопје, а тоа е загадувањето, вели Николоски.

Тој додава дека затоа на 17 октомври мора да се случи промена за да заминат двајцата најнеспособни градоначалници, на Кисела Вода и на Скопје и да дојдат чесни луѓе кои ќе ги решаваат проблемите. Имаме одлично решение и сум убеден во победа во Кисела Вода.