По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки до земјоделците, посакувајќи им добар род и стабилни, повисоки откупни цени.

Николоски истакна дека Владата ја завршила својата обврска кон земјоделците и дека субвенциите се целосно исплатени за сите кои макотрпно работат и произведуваат. Според него, тоа треба да биде дополнителен мотив и стимул за новата производствена сезона.

-Драго ми е што сме тука заедно со Градоначалничката на Неготино и со министерот за земјоделие. Убавите вести веќе стигнаа дека Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно работат и произведуваат. Тоа се надевам дека ќе е мотив и ќе е стимул и за оваа сезона да има добар род и да се што по мотивирани земјоделците за што повеќе да сработат.

Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме и ќе продолжиме да го стимулираме земјоделието. Цените кои што можат да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека во следната година, односно во следната сезона, ќе имаме уште по-добри цени и така секоја година ќе одиме нагоре, затоа што мора трудот да се цени и мора да стимулираме домашно производство.

Она што особено ми е драго е што веќе нашите компаниии се компетитивни на меѓународниот пазар. Пред неколку дена бев сведок во Париз како македонски винари се рамо до рамо до, најдобрите европски винари се натреваруваа и навистина беше гордост да се биде таму и да се види како навистина рамо до рамо со, како што кажав, европските компании и винарија имаат врвен квалитет во некои производи, дури се и подобри, односно се пред европските винарии.

Ќе продолжиме да поддржуваме и во делот на инфраструктурата, која што е многу значајна. Градоначелничката има амбициозна агенда, ние ја поддржуваме како влада. Тука зборувам и како министер за транспорт, но и како потпредседател на владата и ќе продолжиме да ја поддржуваме во следниот период со почеток од на градежната сезона, кога ќе се подобрат временските услови.

Очекувам бројни проекти кои што се започнат и да се превршуваат и пополека да ги отвараме, а исто така очекувам и да почнуваме нови проекти, истакна Николоски.

Посетата на Неготино по повод Св. Трифун беше во знак на поддршка за лозарите и винарите од Тиквешијата, со порака дека државата ќе продолжи да стои зад домашното производство и развојот на регионот.