Очајот на СДСМ и на ДУИ го гледаме на сцена, избори ќе се случат, тоа е законса и уставна обврска.Логично и рационално е Македонија да не троши два пати пари за избори во една ваква девастирана економија, каде храната е поскапена 46 посто, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Во такви услови последно што треба да прави Македонија е два пати да троши по 8 до 10 милиони евра со опасност и три пати да троши зошто постои можност претседателските избори да не се успешни зошто е потребен е цензус од 40 проценти во вториот круг.Тоа значи и запирање на стопанството,економијата и сите активности во државата.Надежите се дека имаат некаква шанса за претседателските избори и врз основа на тоа да направат некој бран на парламентарни.Ако ние гледаме чисто партиски интерес на ВМРО-ДПМНЕ повеќе му одговараат разделени избори, затоа што на претседателските избори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи и потоа СДСМ нема да може по 20 луѓе да најде да стави за парлаемнтарни избори а камоли да се надева на некаков резултат-oбјасни Николоски во емисијата „За или против“.