„Тоа не се случило, меѓутоа тоа беше пракса која ја видовме во претходните 10 години“, порача Николовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој додава дека во членот 2 и членот 5 од одлуката која е во владина процедура, и треба да се донесе во вторник на седница, се предвидува дека службените возила нема да можат да користат за приватни потреби.
„Во политиката не се влегува поради моќ и позиции, туку заради плата и да им служиме на граѓаните“, вели Николовски.