Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски повторно направи гаф по повод Меѓународниот ден на жената.
Ковачевски измисли нова реченица „Осмомартовски март“, а ова веднаш беше „уловено“ од твитерџиите:
Ви посакувам честит ,,осмомартовски март” ❤️ pic.twitter.com/gDm1YXGV5V
— Боемот 2.0 (@boemot_mk) March 8, 2024
Патем, овој гаф е направен на трибината на СДСМ во Кавадарци, а тие добија остри критики бидејќи маршот за осми март го направи на трети март, што е и малку нелогично за пошироката јавност. Тие маршираа под мотото „борбата продолжува“.
Инаку, денеска го одбележуваме 8 Март – Денот борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Им посакуваме честит празник.