Вистински скандал се случи во македонската женска одбојка, каде што одбојкарките на Јанта Волеј и нивниот тренер беа нападнати од стратегот на Наковски Волеј, објави Спорт1.
Скопската екипа добила навреди при пристигнувањето во Струмица, а потоа на загревањето неколку лица го нападнале тренерот на Јанта Волеј, по што следел напад и од Хари Наковски.
Наковски во еден момент се обиде и да ги нападне гостинските одбојкарки, а и покрај целиот скандал натпреварот не беше одложен, туку мораше да се одигра и притоа Наковски Волеј го доби и израмни на 1-1 во полуфиналната серија.