На 07.04.2023 околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Е.(45) и А.С.(71), двајцата од с.Палатица, општина Желино, од една страна и две други лица од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.