Македонската поп-пејачка Марија Спасовска откако ја изведе на годинешниов Макфест 2026, својата фестивалска балада „За тебе можам се“ ја визуализираше и со видеоспот. Покрај сигурната и впечатлива фестивалска изведба, младата пејачка сè повеќе се наметнува и како зрел кантавтор. Таа покажува дека не само што знае да ги следи модерните трендови, туку умее и да напише музика и стихови за комплексна тема каква што е нејзината макфестовска балада, потврдувајќи завидна умешност во компонирањето композиции со трајна вредност.
Песната е надополнета со аранжманското решение на Николче Мицевски. Нумерата бара творечка зрелост и посебна вокално-изведувачка експресија при сценската презентација. Макфестовските моменти Спасовска ги искористила во видеоспотот, спојувајќи ја сценската изведба со дополнително снимени кадри кои ја доловуваат приказната и копнежот по неостварена љубов.
Реализацијата на видеото ја потпишува екипата на „Artistic Film“. Баладата „За тебе можам сè“ е дел од нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, кој беше промовиран во втората половина на 2026 година.
