Американската пејачка Алиша Киз преговара со раперот Џеј Зи да настапат на полувремето на Супербоул кое ќе се одржи на 14 февруари, а како можен гостин се споменува и Џон Леџенд со кој ја отпеа песната „God Did“ на завршната турнеја „Jay-Z 30“, минатиот месец.

Според информациите од порталот „Page Six“, тие, за време на полувремето на натпреварот кој ќе се одржи на стадионот „СоФи“ во Инглвуд, Калифорнија, треба да настапат на музичкиот спектакл организиран од компанијата „Roc Nation“, чиј основач е Зи. Тие го снимија дуетот „Empire State of Mind“ кој со текот на времето стана химна на Њујорк.

Раперот, беше најавен како гостин на шоуто веднаш по завршувањето на турнејата по повод 30-годишнината од објавувањето на неговиот деби албум. Освен Алиша Киз и Џон Леџенд, на сцената ќе му се придружат и Ријана, Ашер, Фарел Вилијамс, Свиз Битс, Нас, како и неговата сопруга Бијонсе и нивната ќерка Блу Ајви.