Факели, албански песни, гласни свирки од автомобилите и со многу албански знамиња вечерва се парадира низ главниот град.
Неколку десетици автомобили од кои се вееја албански знамиња го прославија Денот на албанското знаме.
Почнувајќи од „Партизански одреди“, па преку Собранието, со голема пауза на Рекорд и провокации кон жителите и туристите кои беа во центарот на градот, автомобилите потоа правеа круг и преку Влада и „Илинденска“ одново вртеа назад.
Во продолжение пренесуваме како беше вечерва на Рекорд:
Додека каурот се спрема да ја гледа Црвена Ѕвезда ова му се случува во строг центар. pic.twitter.com/n4t1sSWPOA
— Blagojcho (@tristaidvaese) November 28, 2023
Ова е уште една од многуте провокации кои се актуелни деновиве, а една од нив беше и крстот на Попова Шапка каде денеска беше симнато македонското, а прикачено албанско знаме.