Кандидатот за градоначалник на Карпош, Лукровски, најави изградба на нови монтажни гаражи во населбата Карпош 4. Тој посочи дека со овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето во овој дел од општината.
„Ветувам нови монтажни гаражи во овој дел, со над 120 нови паркинг места кои ќе завршуваат со фотоволтаици, ем корисно, ем како заштита на возилата од влијанијата како сонце, град итн.“, изјави Лукровски.
Тој потсети дека во Карпош 4 живее цели 52 години и дека проблемот со паркинг просторот е ист уште од неговото детство.
„Овде сум 52 години, ништо не е променето со овој паркинг откога знам за себе“, додаде Лукровски.
Во своето обраќање, Лукровски порача дека ја бара довербата на жителите на Карпош со цел да ги реализира овие проекти и да внесе ред во урбаниот хаос во општината.