Преку Телеграм се огласи националната гарда.

„Единиците на руската гарда учествуваат во акции за одбивање на напади на непријателски диверзантски групи во близина на градот Теткино во областа Курск“, напиша Националната гарда преку Телеграм.

Во вторникот, единиците кои доаѓаат од Украина, кои велат дека се составени од руски борци кои се против Кремљ, почнаа да го напаѓаат тоа погранично село.

Единица руски доброволци кои се борат за Украина во вторникот објавија дека ја презеле контролата врз руско село на украинската граница, како дел од вооружениот упад на руска територија.

Руските сили тогаш објавија дека нападот бил одбиен.

Денес, бројот на напади со беспилотни летала е зголемен на други места во руската погранична област.