Засилена размена на оган

Во пресрет на претседателските избори во Русија, засилена размена на огнот во Украина и во градовите од двете страни на границата. Киев со дронови повторно во Белгород и во Херсон, Москва стрела и од земја и од воздух во соседството на Донбас и Крим.

Путин повика на искажување на патриотизмот

Путин, кој по најверојатниот нов претседателски мандат ќе владее со федерацијата вкупно две децении, ги повика граѓаните да го искажат патриотизмот.

„Да се учествува во изборите е чин на патриотизам. Ова е добро разбрано од жителите на Донбас и на Крим кои веќе гласаа за обединување со Русија. И нашите војници на фронтот ќе гласаат. Гласајте во наредните три дена потврдување на унитарноста“, изјави Владимир Путин, претседател на Руската федерација.

Во молдавското министерство за надворешни претходно беше повикан на разговор рускиот амбасадор поради намерата на Москва да отвори шест гласачки места во областа Транснистрија, или според русите Придњестровје, кадешто се инсталирани 150 илјади руски војници.

Киев оскуден со оружје

Состојбата во Украина е драматична, Киев оскудува со муниција. Затоа надворешно политичкиот успех е поважен за украинскиот претседател.

„Европската унија ја финализираше преговарачката рамка со Украина. Ја очекуваме набрзо потврдната одлука на европските лидери. Следниот чекор е полноправното членство, важен заеднички чекор и за нас и за унијата“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Извор: МРТ