Не престануваат погрешните проценки на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Само три дена пред Украина и Молдавија да добијат почеток на преговори со ЕУ, претседателот за телевизиско интервју гарантираше дека тоа нема да се случи.

Тоа нема да се случи. Значи Украина и Молдавија нема да добијат почеток на преговори заради тоа што имаме неколку земји членки кои заради сопствени резони, а и затоа што Западниот балкан не смее да биде ставен на вториот колосек Украина да напредува, вели Пендаровски.

Во продолжение може да погледнете и видео од оваа изјава на Пендаровски.

Оттука следеа и низата коментари поврзани со претседателот кои сатирично коментираат на негова сметка за „разузнавачките информации кои ги има“.

Европската унија претходно, во четвртокот вечерта испиша историја одобрувајќи го отворањето на пристапните преговори со Украина и Молдавија. Одлуката ја објави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

И покрај тоа што нашата држава има многу подолго има статус на земја кандидат сепак се уште нема промени во кандидатскиот статус, а како најголем проблем сепак е корупцијата која цвета со актуелната власт предводена од ДУИ и СДСМ.