Во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ ја обзнани аферата „Мафија“ на македонската јавност, нашиот портал „Лидер“ објави постаро видео во кое е снимен обидот за атентат врз Радоје Звицер.
Она што е интересно во видеото е дека еден од платениците кои биле најмени да го убијат Звицер, Стефан Џукиќ, поседувал македонски пасош под име Каче Герги.
Денеска пак, безбeдносните служби во регионот предводени од српската БИА го лоцираа водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер. Според сознанијата тој се наоѓа во една од земјите во Јужна Америка.

По акцијата за апсење на Велимир Беливук, Звицер од Црна Гора преку Албанија побегна во Јужна Америка со лажен босански пасош.

Тој често ги менува земјите на престој, а го чуваат тамошните нарко кланови со кои Кавачкиот клан соработува.

Она што за нас е интересно е што весникот „Новости“ пишува дека меѓу пасошите што Звицер ги поседува е и македонскиот.

Според информациите што ги поседуваме Звицер има фалсификувани документи на Македонија, Хрватска и на Украина. Без разлика на кокаинските картели неговото апсење е прашање на денови-пишува „Новости“.