Henley Passport Index: Македонија меѓу средно рангираните пасоши
Македонскиот пасош се најде на 41. место на најновата листа на најмоќни пасоши во светот според Henley Passport Index за вториот квартал, кој опфаќа 199 земји.
Според податоците, македонските граѓани можат без виза да патуваат во 127 држави ширум светот.
„Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една држава“, наведуваат од Henley Passport Index.
Сингапур повторно на врвот, европските земји доминираат
На првото место на листата се наоѓа Сингапур, чии граѓани имаат безвизен пристап до 192 земји.
Второто место го делат Јапонија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати со пристап до 188 земји, додека Шведска е на третата позиција со 187 држави.
Четвртото место го делат повеќе европски земји, меѓу кои Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шпанија, со пристап до 186 земји.
Австрија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија се на петтото место со 185 земји без визи.
Регионални разлики на Балканот
Во регионот, Словенија се наоѓа на седмото место со пристап до 183 држави, а Хрватска е на осмото место со 182 држави без визи.
Црна Гора е рангирана на 41. место со пристап до 127 држави, додека Босна и Херцеговина е исто така на 41. позиција, но со 122 безвизно достапни земји.
Србија се наоѓа на 34. место на листата.
