Најмалку 40 лица загинаа во железничка несреќа во Грција, а на социјалните мрежи се појави видео од судир на патничкиот и товарниот воз во близина на градот Лариса.
Безбедносната камера го снимила страотниот момент на судирот на меѓуградскиот патнички воз со околу 350 патници кој се движел од Атина кон Солун и товарниот воз.
На видеото кое го објави ЕРТ се гледа моментот кога патнички воз директно се судира со товарниот воз.
Според она што може да се види на видеото, возовите се на иста пруга, се движат со брзина од 166 километри на час и не можат да го избегнат судирот, пренесува „Прототема“.
Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.