На веб-страницата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи е прикажано анимирано видео на кое се гледа роботизирано возило чија цел за атентат е поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Анимираното видео е направено по повод атентатот извршен на 3 јануари 2020 година врз иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад.
На видеото, објавено вчера на веб-страницата на канцеларијата на Хамнеи, се гледа како Трамп е погоден од ирански дрон на теренот за голф во неговиот дом во Мар-а-Лаго, на Флорида.
На видеото е прикажан минатогодишниот пропаганден плакат, на кој исто така се гледа Трамп на терен за голф, повикувајќи на одмазда за убиството на Сулејмани.
Претходно овој месец, иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара Трамп да биде „прогонет и убиен“.
Генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад во Ирак, е вториот најмоќен човек во Иран, веднаш по ајатолахот Али Хамнеи.
Сулејмани се сметаше за креатор на големите ирански амбиции на Блискиот Исток.
Iran’s Supreme Leader Ali Khamenei has shared a video that appears to call for the assassination of Donald Trump in revenge for last year’s killing of its top military commander, Gen Qasem Soleimani. pic.twitter.com/bk1faSkdbk
— Hami Hamedi (@HamediHami) January 13, 2022