Македонските одбојкари вчера пристигнаа во Бари, каде в сабота против Италија ќе го одиграат натпреварот од историското осминафинале на европските првенства.

Одбојкарите се одлично расположени, а малку слободното време кое го имаат го искористија и на сите граѓани да им го честитаат големиот празник, Денот на независноста.

Порачуваат дека немаат кренато бело знаме за натпреварот против Италија и ќе играат за Македонија.