Новиот италијански фудбалски селектор Лучијано Спалети мораше во последен момент да го менува планираниот состав за утрешниот квалификациски натпревар против Македонија во Скопје.

И покрај тоа што беше планиран за левата офанзивна позиција, ѕвездата на Јувентус Федерико Киеза денеска се пожалил на повреда .

Тој и дефинитивно нема да игра, исто како и Лоренцо Пелегрини, кој исто така се претпоставуваше дека ќе стартува за селекцијата на Италија.