Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски објави видео на својот Фејсбук профил за текот на работите на автопатот Гостивар – Букојчани.

Во објавата тој информира дека изградбата се одвива со засилена динамика.

Николоски напиша:

„ОДЛИЧЕН ПРОГРЕС НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР – БУКОЈЧАНИ! Интензивно се работи на оваа делница, автопатот ќе го завршиме без отстапки од рокот!“