Огнената стихија продолжува да беснее низ Македонија. Откако пред неколку денови целосно беше ставен најголемиот пожар на планината Серта, од вчерашниот ден повторно ситуацијата излегува од контрола. Повеќе од 40 пожари се активни низ државата.

Пожар во светиниколско

Засега, најкритичен е пожарот во светиниколското село Немањица. Првиот човек на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави видео каде „очајните сопственици“ не сакаат да ги напуштат своите домови заради превенција од пожарот кој е активен во овој регион.

Од ЦУК соопштија дека пожарите се гаснат со армиски хеликоптер „ми-17“, како и со три „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Пожар во Прилип

Што се однесува до пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, а со големи напори на противпожарните единици доцна во ноќта е спасен и манастирски комплекс.

Прва жртва од пожарите

За жал, пожарите ја земаа и првата жртва годинава. Од огнената стихија во кумановското село Кокошиње настрада возрасен маж кој беше задушен од чад. Припадниците на Армијата успеаја да ја спасат сопругата на починатото лице, па таа беше успешно евакуирана.