Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави видео на неговиот профил на Фејсбук во кој посочи што било изградено во Усје од почетокот на неговиот мандат.
– Од заборавена населба и лажни ветувања до пред година и половина, до посакувана дестинација за живеење. Работевме многу, ја отворивме првата градинка во Усје и тоа целосно инклузивна, ја завршивме канализационата мрежа со што решивме децениски проблем, ги рехабилитиравме сите улици со асфалт и павер елементи, реконструиравме детски катчиња и уште многу друго, интервениравме на места каде што никој во минатото немал интерес, напиша Ѓорѓиевски.