Старшип, најмоќната ракета некогаш изградена од SpaceX, вчера го заврши делумно успешното пробно лансирање.
Ракетата била во воздухот околу четири минути пред да почне да се врти, а потоа завршила како огнена топка, пишува Телеграф. Тимот на компанијата SpaceX, кој е во сопственост на милијардерот Илон Маск, но и експертите кои во живо го следеа лансирањето, сепак пробниот лет го сметаат за успешен.
Ракетата не ја преживеа целата тест фаза, но ниту блиското комбе на кое беа прикачени камери за снимање на лансирањето.
What a spectacular end#SpaceX
pic.twitter.com/Lp9J4Xb3Mk— Isaiah Clark (@itsIsaiahclark) April 20, 2023
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа моментот кога дел од ракетата по експлозијата удри во задниот прозорец на камионот.
– Почивај во мир комбе, ќе ти недостига – порачаа водителките во директниот пренос.
Експлозијата се случила затоа што, според неофицијални информации, првата и втората фаза на фрлачот не успеале да се разделат.
I wonder if insurance will cover this pic.twitter.com/ZixhEGAYak
— Dylan Dylan (@SemrauDylan) April 20, 2023
„Starship“ е најголемата и најмоќната ракета во историјата. Леталото од 120 метри е повисоко од Статуата на слободата и беше лансирано од базата на компанијата во Бока Чика, Тексас, САД.
Целта на денешната мисија беше „Ѕвездениот брод“ да полета, а потоа горниот дел од леталото да се одвои и да направи круг околу Земјата пред да слета во океанот во близина на Хаваи.
Компанијата SpaceX планираше да го искористи „Starship“ за испраќање астронаути и товар на Месечината и Марс.