– Невакцинираните имаат уште пет дена на располагање за да уживаат во пиењето кафе, бидејќи од 16 август нема да смеат да влегуваат во кафулињата каде има над 30 лица, рекла репортерката на „ТВ21“.

Откако беа најавени новите мерки може да се каже дека се создаде хаос пред вакциналните пунктови во Скопје, но и во другите градови.

Речиси за три пати е зголемен интересот за вакцинација кај граѓаните.

Инаку, како што знаеме граѓаните можат да се вакцинираат без закажан термин, а мерките ќе почнат да се спроведуваат од 16 август.