Прашањето е зошто небулозните мерки треба да важат за гостите но не и за персоналот во угостителските објекти?

-Вработените не се должни иако е препорачано да се вакцинираат. Тие секако може да одат на работа. Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе односно гости кои се без вакцина да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти, велат од МЗ за Алфа.

Треба да се нагласи дека, ваквиот чин на селекција при рестрикциите е спротивен на членот 3 од Уставот на Република Македонија, според кој „се забранува секаков вид на дискриминација, па дури и по основ на здравствена состојба“.