Сомнежи за организирано подметнување пожари

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во своето најново соопштение посочува дека зачестените пожари ширум државата не се резултат на природни причини, туку на намерни дејствија од страна на поединци. Како најсвеж пример се наведува видео-снимка од Делчево, на која се гледа лице како пали оган и веднаш го напушта местото. Според партијата, пронајдени се натопени дрва, палети со бензин, гуми и ракавици на повеќе локации, што, како што наведуваат, укажува на организирано подметнување.

За потсетување, во вечерните часови на 9 јули, во делчевската населба Први Реон, надзорна камера забележала лице како намерно подметнува пожар. Веднаш по палењето, лицето побегнало од местото на настанот. Снимката, која ја објави порталот „Делчево365“, јасно го прикажува моментот на палењето.

Обвинувања кон СДС и политички манипулации

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека приведени лица поврзани со случаите директно или индиректно се поврзуваат со СДС. Дополнителен сомнеж, велат од партијата, предизвикува реакцијата на СДС, која наводно „ликува“ и собира политички поени од ситуацијата со пожарите. Особено се истакнува подметнувањето пожари во Скопје, каде, според нив, планот за предизвикување хаос не успеал.

(ВИДЕО) ПРОНАЈДЕНИ ПАЛЕТИ СО БЕНЗИН ВО СМРЕКИ: Намерно потпален пожарот кај Блаце?

Протекоа и фотографии.

ПРОТЕКОА НОВИ ФОТОГРАФИИ: Намерно подметнат пожарот на Скопска Црна Гора, пронајдени палети со бензин

Апел за институционална реакција

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека денес државата располага со повеќе опрема, подобро обучен кадар и зголемена мобилизација во споредба со минатото. Институциите, според нив, дејствуваат посветено, а времето на застарена механизација, како што велат, е минато. Партијата ги повикува надлежните институции да преземат посериозни мерки против сите одговорни за, како што го нарекуваат, овој „штетен и опасен тренд“. Граѓаните, велат од партијата, јасно препознаваат кој навистина работи и кој саботира.