Неколку десетици луѓе, организирани од палестинската дијаспора во Србија, се собраа денес на плоштадот Република во Белград.Како што изјави за порталот Нова.рс, Сами Хиџо, претседател на палестинската дијаспора во Србија, тие се собрале со намера да испратат една јасна порака – дека палестинскиот народ ја сака својата слобода, го сака својот мир и својата независна држава.
Собирот во Белград го организира палестинската дијаспора, која живее во значителен број во српската престолнина, со оглед на долгите врски на поранешна Југославија со палестинскиот народ, како и фактот дека многу Палестинци се школувале во нашата земја во тоа време, пишува H1.