Палки, пиротехника и тврди предмети се користеле завчера при сериозен инцидент во салата Јасмин во Кавадарци. Таму Комити ги нападнале Лозари, а епилогот на овој инцидент беше одземен транспарент од кавадарчани.
Имено, завчера околу полноќ, навивачите на Вардар популарните Комити, со неколку возила пристигнале во Кавадарци, кои употребувајќи физичка сила влегле во спортската сала Јасмин каде се наоѓале навивачите на Тиквеш, популарни како Лозари кои во тој момент спремале кореографија претстојниот натпревар помеѓу двата фудбалски клуба. Додека траела физичката пресметка биле користени и пиротехнички средства, палки, и тврди предмети.
Инцидентот е снимен со безбедносните камери од СЦ „Јасмин“, видеата можете да ги погледнете на овој ЛИНК.
Ваквите пресметување се случуваат пред неделниот натпревар помеѓу Тиквеш и Вардар, кој се игра во Кавадарци со почеток од 16 часот, дерби кое што се враќа на прволигашка сцена по 20 години.
Комитите вчера на социјалните мрежи се пофалија со одземените навивачки реквизити на Лозари.