Четириесет и двегодишниот тетовец В. З., вчера, во 10.15 часот, во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 11.30 часот, во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца ученици во истото училиште, при што едниот од нив употребил и метален предмет, извести СВР Тетово.

„Набргу случајот е расчистен, идентификувани се тројцата малолетници, разговарано е со нивните родители и со претставници на Центарот за социјални работи“, соопшти СВР Тетово.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.