Според Би-Би-Си, парот учествувал во предизвик за подигнување на свеста за загадувањето на реката Дунав. На нивното патување, наишле на два орли во опасност да се удават.

-Ох боже, два орли се залепени заедно, вели Ричард во видеото што го снимил додека кајакареле.

Тој вели дека видел два орли среде реката како се обидуваат да одлетаат.

-Имавме јаже за спасување во кајакот. Го фрлив кон орлите и се обидов да ги повлечам. Успеав да ги разделам, изјави Ричард за Би-Би-Си.